Живеела во три века, најстарата жена на светот наполни 117 години (фото)

Сподели со своите пријатели

Ема Морано, најстарата жива личност на светот, вчера го прослави својот 117 роденден со пријателите и семејството.

Ема Морано, најстарата жива личност на светот, вчера го прослави својот 117 роденден со пријателите и семејството.

Госпоѓа Ема живеела во три века, а родена е на 29 ноември 1899 година, како едно од осумте деца. Благодарение на својата долговечност, Ема стана славна личност – има своја страница на „Википедија“, а во родниот град сите се грижат за неа.

Во Вербанија, градот на брегот на езерот Маџоре во Италија, во кој Ема Морано е родена, е организиран концерт и фестивал на танци во чест на 117-тиот роденден на најстарата жителка на градот. Исто така, направена е ретроспектива на нејзиниот живот, овековечена со фотографии и нејзини приказни, од животот во двете светски војни до разводот од сопругот кој со години ја малтретирал.

Кога новинарите на британскиот „Телеграф“ ја запрашале што е тајната на нејзината долговечност, таа им одговорила дека секој ден јаде три јајца, едно варено и две живи, како и малку живо мелено месо. На ова мени се придржува од својата 20-та година, и тоа по препорака на лекарот кој дамнешната 1919 година ја лекувал од анемија.