Жителите од селата во Которлакот бараат да им се обезбеди алтернативен пат додека се санира Искрин мост (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Стотина мештани на десет кумановски села попладнево на протесто го искажаа револтот од затворањето на Искрин мост што нивните населени места ги остави отсечени од Куманово.

Loading...

Алтернативен пат има, но истиот е во многу лоша состојба и не можат секојдневно да одат на работа, ниту да дојдат до лекар.

Мостот е за спојување, а не за разединување, вели Крсто Милошевски, претседателот на Месната заедница од село Орашац.

– Има три камиони тампон долу, го презеде Министерството за транспорт, но баравме инвеститорот да дојде на мостот на лице место и не се појави. Утре почнува Ескалатори фирма и Македонија пат ќе го градат. Не сакав да спаднам три камиони донесоа од Сопот, а било договорено додека се работи тој пат овој да го поправат. Оставаме уште еден ден, ако не мислат дека е добро го повикувам и мојот сопартиец Бочварски, јас сум 30 години во СДСМ, нека минува по патот од долу за Штип нека оди да види каде сите овие луѓе одат, вели Милошевски.

 

 

Осумдесетина автомобили од селото Орашац, вели тој, секојдневно одат кон Куманово затоа што луѓето таму работат. Од Македонија пат им било ветено дека утре почнува да се прави алтернативниот пат, а нивниот предлог да се користи стариот преку браната во Шупли камен не била изводлива идеја.

Loading...

– Ми се јави заменик директор на Македонија пат, пренеси ја мојата порака не доаѓам. Утревечер ако не се работи пак ќе се договориме, секој си ја кажува својата желба и не може во кое време да живееме сега ние, а зима иде времето се влошува, тие пред тоа требаше да направат алтернативен пат, не го направија, му се јавуваме на ивнеститорот вели мене не ме интересира, затоа ви кажувам, пратениците беа двајца и од ВМРО и од СДСМ, дали се сакаат не нѐ интересира, ова не е политички, ова е пат за секој човек, додава Милошевски.

 

 

– Рабираме вакви работи можат да се случат секаде и тука се случило, меѓутоа нешто да се направи, цела година искршивме кола на мостот од дупки, плаќаме патарини, каде е, нема, изедено. Таму горе има патче меѓу бавчите, има сега машинерија може да се стави некоја цевка и да се направи едноставно и лесно. Имаме дијабетичари, од бубрези заболени, на дијализа одат, на кој начин да одат, вели друг мештанин од селото.

Но, проблем сега немаат само луѓето да дојдат во градот. Во случај на пожар или потреба од Итна помош, на овие луѓе не може да им помогнат пожарникарите и лекарите.

– Имаме болни и стари луѓе не можат да одат во град, старите немаат леб кој да им донесе, одсечени сме. Ветуваа дека ќе го направат, ама нема ништо досега. Не дај може нешто да се запали не може да дојде пожарна, брза помош исто, кај нас во село Кучкарево има 100 жители, не можат да одат во град да платат сметки, вели Орце Трајковски од селото Кучкарево.

 

Loading...

 

– Мојата снаа е во осми месец од бременоста, секое утро и пладне оди со плачење на работа, наутро во 6 часот од мојот двор излегуваат четири авта, сите одат во град на работа. Ова е срамота во три часот им текнало затвораат мост, на што личи ова, прашува Милевка Колевска, мештанка на селото Орашац.

Славе Серавимовски живее во Куманово, но потекнува од селото Новосељане, каде има своја викендица, каде редовно одеше се до петок, кога мостот беше затворен. Вели дека може да се напарви алтернативен пат кој веќе постои, само треба да се поправат одредени делови.

 

 

– Има стар мост таму поранешен дрвен мост, испод него има бетонирано, близу е, има асфалт може единствено таму да се направи и да се оспособи овие луѓе да одат да работат. На работа одат во Градиште, Куманово, имаат задруги, стопанства, автобуси има, сега не може ништо да пројде. Најитно е да се направи алтернативен мост кај стариот пат во Шупли Камен, да се пушти да комуницира народот, а мостот мора да се прави, што е дефект дефект е не можеме тука ништо, вели тој.

Loading...

 

 

Инаку, според информациите на Македонија пат, еден од носечките столбови на мостот долг околу 350 метри, е изместен за 70 сантиметри и секаков мал потрес, преминување на возила, земјотрес или поплава можат истиот да го урнат. Тоа е причината поради која мостот итно беше затворен во петок, но без претходно да се обезбеди алтернативен пат за мештаните на овие села.

 

Loading...

 

Според информациите санацијата на овој столб ќе трае 100 дена, по што ќе се постави сигнализација и мостот ќе биде во функција како претходно. Дотогаш овие луѓе се надеваат дека надлежните ќе им направат алтернативен пат по кој ќе можат безбедно да стигнат до градот.

 

 

Loading...

 

 

Никола Ивановски

Leave a Reply