Жителите на Берлин не го сакаат Гугл во нивниот град

Сподели со своите пријатели

Сите големи градови се натпреваруваат да бидат седиште на технолошките гиганти освен Берлинг, чии што жители се уверени дека доаѓањето на Гугл ќе им ја загрози егзистенцијата.

На улиците во Герлицер парк, во источниот дел на берлинскиот квард Кројцберг, се забележуваат знаци на незадоволство по повод најавеното доаѓање на технолошкиот гигант Гугл, а плакат на кој пишува „Fuck off Google“ (Оде*и се Гугл) е само еден од многуте.

ОВА НЕ Е НОРМАЛНО: Што знаат Гугл и Фејсбук за секого од нас?

Loading...

Плановите за отварање на нов центар наидуваат на противење од локалното население, кое на креативен начин изразува незадоволство поради „егзистенцијалната закана“.

Во локалната книжара „Калаблик“ два пати месечно се одржува „Anti-Google-Cafe“ средба, а од минатата година излегува и списание кое се бори „против Гугл, гентрификација, раселување и техничка доминација“.

Седиштето на идниот кампус на Гугл е зграда на поранешна електронска потстаница која моментално се изнајмува за различни настани. Иако отварањето е првобитно најавено за септември 2017. година во меѓувреме е одложено за есен годинава. Ќе биде тоа седми ваков центар на Гугл во светот.

Центрите во Лондон, Мадрид, Тел Авив, Сао Паоло и Варшава се центри за претприемачите. ВО нив се наоѓаат работни простории на основачи на стартап компании, а служат и како центри за поврзување и образување.

Гугл со мала промена ја отежна кражбата на фотографии

Плановите на Гугл за отварање на таков центар и во Берлин предизвикаа тензии поради изместувањето на локалните претпријатија, уметници и жители кои тука живеат со години, но веќе не можат да платат кирија која непрекидно расте.

Доаѓањето на Гугл тие го гледаат како симбол на економска, а можеби дури и културна промена која допрва ќе следува.

– Мислам дека во Гугл биле изненадени што наишле на отпор, рекол Штеган Клајн, локален активист од организацијата „GloReiće“, на еден од состаноците, кои се одржуваат два пати неделно.

Секоја вечер по работа тој и неговите колеги нудат совети на граѓаните кои стравуваат дека ќе мора да го напуштат својот крај.

Што најчесто го прашуваме „чичко Гугл“?

– Секаде каде отворија центар се дочкани со аплауз, но не и тука. Гентрификацијата (претрпување на цели делови од град во скапи центри за добростоечки припадници на средната класа, така што луѓето кои со години тука живеат не можат да го поднесат поскапувањето на давачките и трошоците за живот) можеби веќе се случила, како на пример во Лондон или Варшава, но и тука во Кројцберг, луѓето веќе се сомнителни, вели Клајн.

Гугл веќе воспостави партнерство со Фактори Герлицер парк, кој отвора центар во соседството и кој, како што се очекува ќе има 10.000 членови.

Основачите на стартап компании, како што наведува, ќе ги привлече креативноста, животноста и мешавината на различни нации во овој крај на Берлин.

Бум на новите компании го следи и скок на киријата, кои од 2004. до 2016. година се зголемени за 70 отсто.

Со оглед на тоа дека дури 85 отсто од луѓето во овој град живеат како кираџии, тоа стана важна локална и државна политичка тема, а во април се одржани демонстрации против „лудите станарини“ во Берлин, во кои учествуваа помеѓу 13.000 и 15.000 луѓе.

Доколку го знаете одговорот на овие прашања можете да работите во „Гугл“

Локалните политичари промовираат „дигитализација“ на Берлин, но активистите стравуваат дека се работи за смилсен бизнис модел. Краткиот животен век на одредени стартап компании оди во прилог на сопствениците на станови, затоа што знаат дека за две-три години повторно ќе можат да ја зголемат киријата.

Покрај зголемувањето на станарината, активистите ги загрижува и експлатацијата на локалната креативна сцена.

– Стратешки го избрале Кројцеберг за да искористат лабава мрежа на креативци и атмосфера на неотстранување во било какви калапи и правила, ова е крај кој го бие лош глас дека е без предрасуди и помалку откачен, вели Константин Сергиј, член на активистичката организација „Бизим Киез“.

Тој наведува дека компанијата „Sidewlak Labs“ во сопственост на матичната компанија на Гугл, „Алфабет“, неодамна понудила на Торондо да го обнови брегот и да направи паметен град, а тоа, како што сметаат, е сериозна причина да се посомнева дека интересот на компанијата е да дојде до податоци.

Leave a Reply