Жители на Матејче ќе одговараат за напад врз службено лице

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.З. (40), С.З. (47) и Ф.З. (23), сите од село Матејче, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 21.07.2018 година околу 20.10 часот во село Матејче, пријавените се заканувале со оружје, а потоа физички нападнале двајца вработени во агенција за обезбедување, кои вршеле контрола на
мерни инструменти за струја, како и еден жител од селото кој се обидел да го спречи нападот.

Leave a Reply