Жители на Черкези ќе одговараат за приредување игри на среќа без лиценца

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против М.А.(37) од село Черкези-кумановско поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “даночно затајување“и “приредување на игри на среќа без лиценца односно дозвола од надлежен орган“ од Законот за игрите на среќа и забавните игри и против С.А.(27) од село Черкези-кумановско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “помагање“, а во врска со “приредување на игри на среќа без лиценца односно дозвола од надлежен орган“ од Законот за игрите на среќа и забавните игри.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 25.04 2018 година во село Оризаре, Липково, од страна на полициски службеници, при контрола на објект без фирма, сопственост на Ф.Д. бил затекнат пријавениот како приредува забавни и игри на среќа, без да поседува соодветна лиценца, односно дозвола издадена од надлежен орган, со што одбегнал плаќање на надоместок за добивање на лиценца во износ од 6.457.500 денари, и за тој износ го оштетил Буџет на РМ.

Leave a Reply