Жител на село Оризаре украл златен накит вреден 240.000 денари

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.С. (39) од селото Оризаре, за сторено кривично дело ,,кражба”, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот со намера за себе прибави противправна имотна корист, на 28.06.2017 година околу 09,00 часот, преку отворената влезна врата на куќа сопственост на Б.Б. на место викано “Менкова Колиба-Пчински пат“ во Куманово, влегол внатре и од масата одзел еден златен ланец со привезок во вредност од околу 240.000 денари, по што накитот го продал во златара во Скопје.