Жител на село Никуштак заработи кривична пријава за криумчарење мигранти

Сподели со своите пријатели

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против 23-годишниот Л.С. од селото Никуштак, Липково поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело криумчарење мигранти, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Именово текот на вчерашниот ден во 06:50 часот, на регионалниот пат Дојран – Стрмица во близина на бензинска пумпа од страна на полициски службеници е сопрено патничко возило „пасат“, управувано од пријавениот, а од преглед во возилото се забележани пет мигранти од кои двајца од Етиопија и по еден од Сомалија, Иран и Либија, кои илегално влегле во Република Македонија.

Од страна на судија во претходна постапка на пријавениот му е одреди мерка – претпазливост и му е дозволено да се брани од слобода.