Жител на Оризаре ќе одговара за неовластено поседување оружје

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против А.А. (47) од с. Оризаре, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 28.11.2017 година, при претрес во домот на пријавениот во село Оризаре, полициски службеници пронашле еден тромблонски додаток и седум куршуми од различен калибар.

Leave a Reply