Жител на Матејче загина по превртување на трактор

Сподели со своите пријатели

Педесет и шестгодишен жител на липковското село Матејче загинал откако се превртел со својот трактор.

Loading...

– На 19.09.2020 околу 15.40 часот на локален пат село Матејче, Општина Липково, кумановско, трактор „урсус“, без регистарски ознаки, управуван од Б.И.(56) од село Матејче, удрил во ѕид и се превртел, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Б.И. бил пренесен во Ургентен центар Куманово, каде од лекар била констатирана смрт.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply