Жител на Матејче ќе одговара за употреба на лажни докази

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Р. (49) од село Матејче, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „поднесување лажни докази” и „употреба на исправа со невистинита содржина”.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 05.01.2016 година во Одделението за управни работи Куманово, пријавениот поднел лажен документ за престој во странство подолго од три месеци, врз основа на кој му биле издадени две уверенија за живеалиште.

Со цел да ја искористи погодноста од член 24 од Законот за возила, уверенијата ги употребил во постапка за идентификација на две патнички возила во Бирото за метрологија при Министерството за Економија.

Leave a Reply