Жител на липковско шверцувал мигранти од Иран и Авганистан

Сподели со своите пријатели

Четириесет и петгодишен жител на липковското село Лојане е приведен, откако полицијата во неговото возило открила мигранти од Иран и Авганистан.

Loading...

– На 09.06.2020 во СВР Велес е лишен од слобода А.С.(45) од село Лојане, липковско, поради тоа што околу 03.00 часот на автопатот Градско – Велес, во близина на клучка Велес – Штип – Скопје, при контрола на патничко возило „фолксваген шаран“, со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал, било утврдено дека во возилото превезувал 12 мигранти, од кои 10 од Авганистан и двајца од Иран, информираат од Министерството за внатрешни работи.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Никола Ивановски

Leave a Reply