Жител на Гошинце превезувал дрва без лиценца

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против И.С.(44) од село Гошинце, Липково поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “вршење јавен превоз без поседување лиценца“.

Како што информираат од полицијата, на 29.07.2018 година околу 17,55 часот во атар на село Липково, во близина на браната “Глажња”, од страна на вработени во ЈП “Македонски Шуми”, при контрола на товарно возило „Мерцедес“, сопственост и управувано од пријавениот, било утврдено дека истиот вршел јавен превоз на дрвни сортименти без соодветна лиценца издадена од Министерството за транспорт и врски.

Leave a Reply