Житарици изгореа во пожар во село Слатино

Сподели со своите пријатели

Четири хектари со житарици вчера изгореа во пожар во селото Слатино, Општина Старо Нагоричане, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во гаснењето на пожарот учествувале четворица пожарникари од Територијалната против пожарна единица Куманово кои со едно возило интервенирале во период од 15:05 до 17:10 часот.

Причините за избувнување на пожарот и висината на материјалната штета се непознати.

Leave a Reply