01.06.2015 11:30

Жирито по настапот на Боби: Победите изгледа се резервирани за Македонци (видео)


На третата вечер од шоуто ”Икс фактор”, македонскиот претставник Боби Мојсовски повторно забележа успешен настап, исполнувајќи ја песната ”Опет си побједила” од Тони Цетински.

По настапот, жирито прокоментира дека станува очигледно дека на шоуто, победите се резервирани исклучиво за Македонци.

loading...

Во вчерашната епизода на X Фактор најмалку гласови од публиката добија Нина Симиќ и Јелена Ѓуриќ, кои во песните за спас се бореа за понатамошен пласман во натпреварот.

Нина ја испеа нашата легендарна песна „Зајди зајди“, додека Јелена ја одбра песната „Imagine“ од Џон Ленон.

Двете песните ги испеаја емотивно, а жирито мораше да одлучи кој ќе остане во шоуто.

Масимо гласаше за Јелена Ѓуриќ, а Жељко за Нина Симиќ. Тончи својот глас го даде за Нина, а Александра за Јелена. Овојпат гласовите од публиката пресудија дека Јелена Ѓуриќ го напушта овој музички натпревар.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments