Жибак: Куманово е град кој води вистинска грижа за децата за сите ученици и млади луѓе (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

„Куманово е град кој води вистинска грижа за децата за сите ученици и млади луѓе“, рече денеска на прес конференција Мила Жибак, кандидат за член на Советот на Општина Куманово до редовите на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“, при што презентираше низа проекти предвидени во програмата за претстојните избори.

Loading...

Како што рече Жибак, „во изминатиот период реализирани се голем број на проекти за деца и млади кои го подобрија нивниот квалитет на живот, а исто така се унапредија повеќе сегменти од општественото живеење“.

– Како советник во идниот мандат во Советот на Општина Куманово, ќе реализираме проекти кои се важни за нив, како дел од приоритетните проекти ги предлагаме: изградба на детски катчиња во секоја урбана и месна заедница, како и изградба на три детски граиднки во населбите Зелен Рид, урбаната заедница Бајрам Шабани и Карпош. Подобрување на објектите на постојните детски градинки преку нивна реконструкција и вложување во стручното усовршување на кандарот во градинките. Ќе ги подобриме условите во училиштата преку реконструкција на објектите на сите општински училишта, проширување на нови капацитети и изградба на ново средно училиште, рече таа.

 

 

Модерно спортско игралиште за секој училиштен објект и партерно уредување на училишните дворови по примерот на средното училиште „Наце Буѓони“, најави Жибак, како и вложување во енергетската ефикасност на училиштата.

– По победата на локалните избори следува гасификација и вложување во енергетската ефикасност на општинските училишта како и доопремување на училиштата со смарт табли, дигителна опрема и надгледни средства за понапредна настава. Ќе направиме јавна соба која ќе претставува простор за млади лоциран на поткровје на затворениот градски базен со отворен и затворен простор, ИТ опрема, простор за релаксација, едукација и забава. Нашата цел е вложување во сите млади ќе потикнуваме и даваме поддршка на соработката меѓу училиштата на ниво на општината, на регионално, државно и меѓународно ниво. Ќе правиме нови спортски комплекси, терени и игралишта за потикнување на спортските активности кај младите. Ќе градиме нови паркови, зеленило, за поквалитетен животен стил. Нашиот план за развој на општината и овозможување подобри услови за младите е преку создавање на нови велосипедски патеки, трим патеки и сетрјтворк зони. Ќе ја збогатиме културната понуда во градот и ќе организираме различни спортски натпревари, вели таа.

Loading...

Општина Куманово, како што посочи Жибак, ќе биде пријател на младите преку поддршка на млади креативци од различни области, како и обуки за започнување на сопствен бизнис.

Таа ги повика граѓаните на 17 октомври да ја дадат поддршката со заокружување на бројот 80 за независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски и независната граѓанска листа советници предводена од Ивана Ѓорѓиевска под бројот 61.

Никола Ивановски