Женскиот ракометен клуб од Куманово денес започнува со натпреварите од плеј оф (фото)

Сподели со своите пријатели

Женскиот ракометен тим од Куманово претставува вистински хит оваа натпреварувачка сезона. Костурот на тимот е составен од млади ракометарки од Куманово.

Од денес започнуваат со натпреварите од плеј оф делот каде што во првиот натпревар се среќаваат со екипата на Металург од Скопје. Во овој дел од натпреварувањето се приклучува и учесникот на европскиот фајнл фор , првиот тим на Вардар.

 

Loading...

13023719_10154048720327412_535006154_n

 

Викторија Пеовска , капитенот на екипата на ЖРК Куманово за Кумановски Муабети вели оваа година очекува конечно нашиот тимот да заврши на една од првите четири позиции кои имаат излез на европска сцена.

Имавме две недели одмор да се консолидираме , и да дадеме максимум во следните натпревари кои што не очекуваат доколку сакаме да го реализираме она зашто стигнавме до пласман во плеј офот. Покажавме дека можеме , имаме квалитет да се соединиме и да се покажеме во вистинско издание во следните натпревари – изјави Пеовска.

12988178_10154048717112412_237835834_n

 

Тимот на ЖРК Куманово ги поканува сите љубители на женскиот ракомет да дојдат во што помасовен број денес да го проследат натпреварот против тимот на Металург од Скопје во спортската сала на  ОУ Христијан Карпош од 18:30.