Жените стареат побрзо од мажите: Постојат неколку причини за ова, и една доминира

Сподели со своите пријатели

Не е тајна дека жените живеат подолго од мажите. Ова е добра вест за дамите, но има една работа што не оди во прилог на „поубавиот пол“. Се покажа дека жените стареат побрзо од мажите. Според истражувањето, постојат неколку причини за ова.

Loading...

– Хормоналната разлика е она што објаснува се – вели д -р Џудит Моринг.

Флуктуациите на хормоните се поврзани со депресија. Покрај тоа, сезонското афективно нарушување повеќе ги погодува жените отколку мажите, а постојаниот стрес неизбежно води до порано стареење.

 

 

Жените кои се породиле старееле побрзо

Американска студија спроведена на Универзитетот Џорџ Мејсон докажа дека жените изгледаат 11 години постари поради бременоста. Жените кои се породиле имаат пократки теломери (мали парчиња генетски материјал кои се на краевите на хромозомите) од оние кои не се.

Loading...

Колку се пократки теломерите, толку изгледате постари. Покрај тоа, стресот за време на бременоста не е невообичаен, што исто така го забрзува процесот на стареење.

Кожата на жената е потенка од машката

Според дерматолозите, кожата кај мажите е 25% подебела од кожата кај жените. Процентот може да варира од човек до човек, но општите податоци остануваат. Меѓутоа, иако мажите имаат помалку брчки, оние што ги имаат се подлабоки од женските.

Високото ниво на тестостерон го забавува стареењето. Иако естрогенот служи и како хормон против стареење, неговото производство опаѓа побрзо од производството на тестостерон.

 

 

Менопаузата исто така игра улога

Loading...

Губењето хормони за време на менопаузата го забрзува процесот на стареење. Кога жените поминуваат низ менопауза, нивните тела престануваат да произведуваат исти количини на колаген како порано. Тоа предизвикува губење на еластичноста на кожата, пишува Bright Side.

Leave a Reply