Жените не треба да спијат повеќе од седум часа

Сподели со своите пријатели

Оптималниот број часови кои жените треба да ги поминат во царството на Морфеј е седум, тврдат експертите од универзитетот во Чикаго.

Долгиот сон влијае неблагопријатно на организмот и психичкото здравје. Затоа експертите советуваат да не спиеме повеќе од 7 часа.

Тие сметаат дека количеството сон влијае врз нашата работоспособност и продуктивност на работното место или на студии. Оние кои спијат помалку имаат пониско ниво на тестостерон во споредба со останатите кои се излежуваат над 9 часа.

Должината на сонот влијае и на либидото. Жените кои спијат помалку, не чуствуваат голема потреба од секс.