Жени откриваат работи за сексот што би сакале да ги знале кога биле помлади

Сподели со своите пријатели

Една корисничка на Reddit ги прашала  жените на таа социјална мрежа што би сакале да знаат за сексот кога биле помлади, а нејзиното прашање собра повеќе од 600 различни одговори.

Loading...

Оваа се некои од најинтересните:

„Првиот сексуален однос не мора да биде болен. Како тинејџерка, се плашев од мојот прв секс , бидејќи ми рекоа дека ќе боли многу. На крајот, воопшто не беше болно и се збунив. Не е исто за секого “.

„Научив дека сексот е само секс. Може да биде добар дури и ако е чуден и смешен”.

„Ако еднаш сте направиле нешто со претходниот партнер и уживате во тоа, тоа не значи дека ќе ви се допадне и со следниот партнер“.

„Секогаш мочајте веднаш по сексот“.

„Вашата матка  ја менува положбата во зависност од тоа до  каде сте во циклусот. Кучешкиот стил и другите пози може да ви дадат задоволство една недела, а следната да ве боли. Тоа е сосема нормално”.

„Играчките и експериментите не се лоша работа. Мислам дека некои луѓе ги гледаат сексуалните играчки како табу, речиси како да ги користат луѓе на кои им е досадно од секс, додека во реалноста е токму спротивното”.

Loading...

 

 

„Лажниот оргазам нема да го направи сексот подобар. Ако избегнете да разговарате за она што ви одговара или не, тоа би можело да ги влоши работите”.

„Ако сте млади и треба да користите лубрикант, тоа не значи дека нешто не е во ред со вас”.

„Сексот станува подобар со возраста. Сега имам 33 години, а сексот никогаш не ми пружил поголемо задоволство”.

Треба да научите да кажувате „не“ и да не размислувате што ќе ви каже партнерот “