Жена слушнала експлозијата во собата, ја погледнала перницата и останала шокирана – можела да умре на лице место

Сподели со своите пријатели

Рут Хамилтон се разбудила со силен тресок на почетокот на оваа недела, но не можела да сфати од каде доаѓа бучавата, таа додека не погледнала во таванот и забележа дупка, а потоа се почувствувала покриена со прашина. Станувајќи од креветот, таа видела за што станува збор – камен со големина на тупаница стол на нејзината перница.

Loading...

 

 

Во паника, Рут од Британска Колумбија во Канада, повикала полиција и по истрагата, било утврдено дека каменот всушност е метеор и дека е потенцијално стар неколку милијарди години, пренесува „Дејли Стар“.

– Веднаш ги повикавме луѓето што работат во кањонот да видат дали станува збор за бомбардирање, но не беше. Тие рекоа дека виделе силна светлина на небото, која експлодирала и направила бучава. Се тресев и се преплашив кога се случи. Мислев дека некој провалил или се работи за пиштол. Речиси почувствувавме олеснување кога сфативме дека нешто паднало од небото – рекла Рут.

Таа додава дека е „целосно воодушевена“ што каменот од вселената, кој може да биде стар неколку милијарди години, паднал право на нејзината перница, меѓутоа, доколку „слета“ само неколку сантиметри настрана, тоа би било сосема поинакво приказна.

 

Loading...

 

„Единствено на што мислам е дека животот е скапоцен и може да исчезне во секој момент, дури и кога мислите дека сте безбедни и сигурни во вашиот кревет – се надевам дека никогаш повеќе нема да го земам тоа здраво за готово“, заклучи Хамилтон.