Жена почина, маж тешко повреден во сообраќајка на патот Куманово – Крива Паланка

Сподели со своите пријатели

Едно лице го загубило животот, а друго е тешко повредено во сообраќајна несреќа што викендов се случила на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка.

Loading...

– На 25.09.2021 околу 16.10 часот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, кај с.Облавце – општина Старо Нагоричане, патничко возило „форд фјужн“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Ц.(75) од Скопје, излетало од патот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата, возачот и сопатничката Р.И.(80) од Скопје се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово, по што биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што околу 20.00 часот Р.И. починала.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски