Жаклина Јовановска кандидат за градоначалник на СДСМ во Старо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

Познат е и првиот кандидат за гардоначалник од редовите на СДСМ во Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска, дознава Кумановски Муабети од извори во партијата.

Официјално името на Жаклина Јовановска да биде кандидат е соопштено на синоќешната партиска седница на Централниот Одбор на СДСМ.

Таа на својот фејзбук профил се заблагодари на сите во партијата кои и ја дале довербата.

Почитувани, сакам да искажам огромна благодарност до мојата матична партија СДСМ поради укажаната доверба да бидам кандидат за градоначалник во општина Старо Нагоричане на претстојните локални избори. Честа и задоволството е огромно, убедена сум дека ќе ја оправдам довербата и ке оствариме победа, а општината Старо Нагоричане ќе биде поубаво место за живеење – напиша Јовановска денеска на нејзиниот фејзбук профил.

Јовановска е вработена во јавното претпријатие Чистота и Зеленило во Куманово.

 

Loading...