Зградите во овој град се искривени, бидејќи тој постојано тоне (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Пред 11 години во рускот град Беразники се отворила дупка длабока 700 метри и од тогаш жителите на оваа место живеат во постојан страв, затоа што градот секојдневно тоне се повеќе и повеќе.

Кон крајот на 19 век некој се сетил да направи град точно над еден од најголемите рудници за сол во светот. Во тој период можеби и била добра идеја, особено ако се земе предвид пејсажот, но изгледа дека никој не помислил дека покрај рудникот и градот ќе се развиваат и растат.

 

Loading...

 

По 140 години тој рудник и натаму е во функција, а жителите на Беразник секој ден се повеќе патат, затоа што градот едноставно тоне.

Градот од 150.000 жители сместен на Урал, изграден е точно над огромен рудник умрежен со бројни тунели. Подрачјето е многу богато со калиумова сол, а Русите одлучиле тоа максимално да го искористат, без разлика што над рудникот живеат луѓе, работат, деца одат на училиште…

Се функционирало добро до 2007 година кога среде градот одеднаш се појавила огромна дупка широка 400 метри, а длабока 700. Луѓето биле шокирани, а тоа бил само почетокот на нивните неволји.

 

 

Тлото започнало постојано да добива нови дупки. Некои биле мали, скоро безначајни, а имало и со големина на фудбалски терени. Набргу целиот град започнал да тоне.

Иако властите цело време ја смируваат паниката и им велат на жителите дека се е во ред, на сите им е јасно дека постои реална закана целиот град да исчезне.

И денес, 11 години по колапсот на рудникот и подземните тунели, ситуацијата во Березник не е сменета. Зградите стојат косо, некои делови од градот изгледаат како напуштени градови околу Чернобил, а огромните дупки ги исполнила вода.

Leave a Reply