Зголемен бројот на нови бракови во Општина Куманово, а намален на разводите

Сподели со своите пријатели

Според податоците на државниот завод за статистика, бројот на склучени бракови во второто тримесечје од годината е зголемен за 8.2% во споредба со истиот период од 2014 година и изнесува 3 710 бракови.

Loading...

Разведените бракови пак бележат намалување од 12.4% во споредба со истиот период од 2014 година и нивниот број изнесува 495 на државно ниво.

Што се однесува до Општина Куманово, бројот на склучени бракови е зголемен во второто тримесечје, а бројот на разводи е намален. Така во првите три месеци од 2015 во Куманово биле склучени 126 бракови, а разведени биле 18, додека за април, мај и јуни се склучени 96 бракови повеќе и истата бројка сега изнесува 222 нови бракови, а разводите се намалени на 13.

Само за споредба, во Општина Липково бројот на нови бракови е зголемен скоро за три пати, а за исто толку е намален бројот на разводи. Па така, ако во првите три месеци биле склучени 32 бракови, во второто тримесечје истата бројка изнесува 101, а разведен бил само еден брачен пар, за разлика од првите три месеци на 2015 кога биле разведени 3 бракови.

Во Општината Старо Нагоричане во второто тримесечје биле склучени пет бракови, што е повеќе во однос на трите кои биле склучени во текот на првиот тримесечен период на 2015, за половина година нема разведено ниту еден брачен пар.