Зери: Распитот за 33 – ца обвинети за нападот во ”Диво Насеље” почнува во вторник

Сподели со своите пријатели

Насер Рауфи, адвокатот на единаестте обвинети и притворени косовски државјани – членови на кумановската група од 9 мај, за косовскиот весник ”Зери” вели дека веќе за следната недела се очекува да започне распитот за неговите клиенти.

Loading...

Рауфи во интервјуто тврди дека Јавното Обвинителство во вторник ќе го има првиот збор со изнесување докази за случајот од 9 мај, со тоа што обвинетите досега немаат дадено ниту една изјава.

 Како што дознава косовскиот весник ”Зери”, вкупниот број на обвинети за кумановскиот случај е 33 – ца обвинети, а првиот распит ќе го води Јавниот обвинител Наум Паноски и неговиот помошник Вилма Росковска. Прв за распит пред судијата ќе биде Кенан Исени, тврди Зери.

Во натписот на Зери, се вели дека обвинителството ја завршило постапката за идентификација на обвинетите, со помош на меѓународна правна помош, со приберени докази кои ќе бидат изведени во текот на судскиот распит.