Земјотреси ноќва ја тресеа Албанија

Сподели со своите пријатели

Албанија во текот на ноќта ја погоди силен земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала.

Loading...

Епицентарот на земјотресот бил девет километри од градот Ерсека и 95 од Елбасан, а е регистриран на длабочина од пет километри.

По овој земјотрес Албанија ја погодија три послаби, со јачина од 3,6, па 3,4, па 2,4 степени.

Засега нема информации за евентуални повредени и материјална штета.