Земјотрес во јужно Мексико во близина на Акапулко

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 5,2 степени го погоди денеска јужниот дел на Мексико, а беше почувствуван и во главниот град Мексико Сити, објави Американскиот геолошки институт.

Loading...

Епицентарот на земјотресот бил во близина на брегот на сојузната држава Гереро, на 96 километри од туристичкиот град Акапулко.

Градоначалничката на Мексико Сити, Клаудија Шајнбаум, рече дека јачината на земјотресот не бара активирање на системот за сеизмичко предупредување.

Нема извештаи за материјална штета или повредени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци