Земјотрес утринава регистриран во Македонија

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со послаб интензитет во текот на утринските часови бил регистриран во епицентралното подрачје Тетово – Гостивар.

Loading...

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва, 30.03.2021 година во 06 часот и 15 минути, регистрира земјотрес од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар со епицентар на 65km југозападно од Скопje и со локална Рихтерова магнитуда M L 2.9.

Според досегашните податоци овој земјотрес беше почувствуван од населението во Маврово, Гостивар, Тетово, Дебар, Охрид и Кичево со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, информираат од ПМФ.

Leave a Reply