Земјотрес од 6,6 степени го погоди брегот на Панама

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на брегот на Тихиот Океан на Панама, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS).

Loading...

Локалните власти соопштија дека нема извештаи за жртви или материјална штета, пренесува Ројтерс.

Епицентарот на земјотресот бил на околу 72 километри јужно од брегот на Панама, на длабочина од 10 километри.

Ројтерс јавува, повикувајќи се на сведоци, дека земјотресот бил почувствуван и во главниот град на Костарика, Сан Хозе.

Од Комисијата за вонредни состојби во таа земја соопштија дека нема информации за причинета штета.

Не е издадено предупредување за цунами, соопшти американскиот систем за предупредување од цунами.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Ова се гледа еднаш во 100 години!“: Кина погодена од застрашувачки поплави! (ВИДЕО)