Земјата под теророт на астероидите: Пристигнува небесно тело големо како Ајфеловата кула

Сподели со своите пријатели

Небесното тело, откриено во 2006 година, е опишано како „потенцијално опасно“ заради неговата близина до нашата планета.

Loading...

Астероидот, далеку поголем од Ајфеловата кула, се проценува дека ќе мине покрај Земјата за помалку од две недели, предупреди НАСА.

Вселенската карпа идентификувана како 481394, со големина од околу 610 метри, е двојно поголема од Ајфеловата кула, т.е. таа е голема колку шест фудбалски игралишта.

Астероидот се очекува да се приближи до Земјата на 20 ноември, на 0,029 астрономски единици над нашите глави, или 4,35 милиони километри.

Лета со зачудувачка брзина од 27.000 км на час, или околу 22 пати побрзо од звукот.

Овој астероид, откриен во 2006 година, поминува низ нашата орбита двапати годишно. Припаѓа на групата Атена Астероиди.

Неговата траекторија покажува дека може да дојде до судир во наредните два века.

Секој астероид или комета што се движи околу 50 милиони милји од Земјата – е опишан како небесно тело близу Земјата (НЕО).

Loading...

Од повеќе од 600.000 астероиди што минуваат низ нашиот сончев систем, научниците категоризираат околу 20,000 објекти како НЕО.

Минатата недела НАСА објави дека астероидот со големина во Бурџ Калифа, инаку највисоката зграда во светот, ќе помине покрај нашата планета еден ден по Божиќ.

И во септември, агенцијата призна дека идентификувала голем астероид само неколку часа пред да влезе во атмосферата и изгорел.

Leave a Reply