Земја во која граѓаните собираат пари за да го отплатат јавниот долг

Сподели со своите пријатели

Жителите на Малезија одлучиле со сопствени пари, преку кампања за јавно собирање на пари, да соберат средства за намалување на државниот долг, кој моментално изнесува околу 80 отсто од БДП.

Кампањата ја започнал еден 27-годишник кој рекол дека е многу вљубен и горд на својата земја, додека кампањата привлекла внимание и интерес низ целата земја и раководството.

– Граѓаните доброволно делат од своите пари со владата за да ни помогнат да го решиме овој тежок терет, рекол министерот за финансии на Малезија Лим Гуан Енг, додавајќи дека ваквиот начин на собирање пари е „симпатичен и транспарентен“.

За лажни вести и до шест години затвор

Loading...

Во првиот ден од кампањата собрани биле 1,8 милиони долари, меѓутоа, економскит експерти не се воодушевени со ваквиот начин на враќање на огромниот долг и предлагаат поефинаски начини како плаќање даноци и купување домашни производи.

На социјалните мрежи се огласиле и граѓани од други држави, кои веќе шпекулираат кога и во нивните земји ќе се обидат да направат ваква кампања.

По промената на власта во Малезија уште од 1957 година до 10. мај годинава, новиот премиер Махатир Мухамед бетил дека на сите начини ќе се бори да го намали јавниот долг, нагласувајќи дека надежта дека еден дел од долгот од околу 700 милиони долари, ќе биде вратен кога ќе започнат обвиненијата против поранешниот премиер Наџиб Разак.

ВВС потсетува на ситуацијата во Јужна Кореја во доцните 90-ти, кога граѓаните на земјата застанаа во редици за да донираат бурми и други вредни предмети и на тој начин да помогнат на полуурнатата државна економија за време на финансиската криза во Азија.

Leave a Reply