Зеленски: „Украинците не го саботираа гасоводот, тоа е смешно“

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во петокот ги отфрли како „смешни“ новите наводи за вмешаноста на Украина во експлозиите на гасоводот „Северен тек“ минатиот септември.

Loading...

„Украинците дефинитивно не го направија тоа“, рече Зеленски на заедничката прес-конференција со финската премиерка Сана Марин во Киев.

„Тоа е смешно. Целта на неодамнешните објави во западните медиуми за наводна вмешаност на проукраинска група беше да се забави помошта на Западот за Украина во борбата против Русија. Сметам дека е многу опасно одредени независни медиуми, кои отсекогаш исклучително ги почитував, преземаат такви чекори“, рече тој.

Од ова, додаде тој, имаат корист само Русија или одредени бизнис групи кои се противат на воведувањето санкции.

Експлозиите се случија на 26 септември на три од четирите цевки на двата гасоводи Северен тек што ги поврзуваат Русија и Германија преку Балтичкото Море.

Германија, Шведска и Данска започнаа истрага за инцидентите, но сторителите не се идентификувани.

Во понеделникот медиумите во Германија, САД и Британија објавија индикации за можниот тек на настаните.

Според извештаите, група од шест лица со фалсификувани пасоши изнајмиле јахта и поставиле експлозив незабележано на длабочина од 80 метри.

Loading...

Москва тврдеше, без да обезбеди докази, дека Западот стои зад експлозиите.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.