Зеленски: Стратегијата на Русија да ја турне Украина во темнина нема да ја ослабне решителноста на Киев

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека новата стратегија на Русија да ја втурне Украина во темнина со удари врз нејзината енергетска инфраструктура нема да ја ослабне решителноста на неговата земја.

Loading...

„Тоа е војна на сила, издржливост, се работи за тоа кој е најсилен“, рече Зеленски во интервју за денешниот „Фајненшл тајмс“.

Околу 15 региони во Украина имаат проблеми со снабдувањето со вода и електрична енергија.

Само во главниот град Киев, околу 60 отсто од населението се соочува со прекин на електричната енергија.

Украина и денеска продолжува да работи на санирање на енергетската инфраструктура оштетена од руските удари, со цел да се снабдат милиони граѓани кои останаа без парно и струја.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Полски државјанин уапсен под сомнение дека учествувал во заговор за убиство на Зеленски

„Ситуацијата со електрична енергија и понатаму е тешка во речиси сите региони“, рече Зеленски синоќа во редовното обраќање и додаде дека струјата се приклучува секој час за нови потрошувачи.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.