Зеленски: Со заземањето на Бахмут, Москва би имала „слободен пат“ до источна Украина

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека во случај на заземање на Бахмут, за кој борбите се водат со месеци, руската армија ќе има „слободен пат“ да ги окупира градовите на истокот на Украина.

Loading...

„Разбираме дека по Бахмут би можеле да одат понатаму, би можеле да одат до Краматорск, до Славјанск, патот би бил слободен за сите Руси… до другите градови во Украина. За нас тоа е стратешко прашање“, рече Зеленски во интервјуто објавено од Си-Ен-Ен синоќа и нагласи дека украинските војници се решени да го бранат тој град.

Руската армија се обидува да го заземе градот Бахмут, сметајќи дека е важен за продолжување на нејзината офанзива и покрај жестоката одбрана од страна на Украинците.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина: За прв пат соборивме руски стратешки бомбардер Ту-22М3

„Бахмут е важен центар за одбраната на украинските војници во Донбас“, изјави вчера рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, додавајќи дека неговото заземање ќе овозможи да се изведат „нови офанзивни операции во длабочина“.

Зеленски рече дека вооружените сили на Украина се решени да останат во Бахмут, пренесува Бета-Франс прес.

„Вчера имав средба со началникот на Генералштабот и воените команданти и сите тие рекоа дека треба да останеме силни во Бахмут“, рече Зеленски.

Тој додаде дека, секако, треба да се земат предвид животите на украинските војници.

„Но, ние треба да направиме се што можеме додека примаме пратки со оружје и нашата војска се подготвува за контраофанзива“, рече тој.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Словачка започна кампања за собирање пари за купување оружје за Украина

Најдолгата и најсмртоносната битка од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година се води околу Бахмут.

Градот, кој сега има најмногу 4.000 жители во споредба со 70.000 пред инвазијата, е во голема мера уништен.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.