Зеленски: Секоја руска победа може да биде опасна

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека ако Украина го загуби Бахмут, Москва би можела да работи на меѓународна поддршка за договор кој ќе бара неприфатливи компромиси од Киев.

Loading...

Тој, исто така, го покани кинескиот лидер Си Џинпинг, кој неодамна беше во Москва, да го посети и Киев.

„Доколку Бахмут падне во рацете на руските сили, нивниот претседател Владимир Путин ќе ја „продаде“ оваа победа на Западот, неговиот народ, Кина и Иран“, рече Зеленски во интервју за Асошиетед прес.

Украинскиот претседател разговарал со АП во возот со кој патувал во градовите во близина на фронтот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Полски државјанин уапсен под сомнение дека учествувал во заговор за убиство на Зеленски

Тој изрази загриженост дека ќе има пад на поддршката во САД.

„САД навистина разбираат дека ако престанат да ни помагаат, нема да победиме“, рече тој.

Тој призна дека загубата на Бахмут, која се водеше седум месеци и беше најдолгата во војната досега, ќе биде скап политички пораз отколку тактички.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...