Зеленски: Русите подготвуваат офанзива, сакаат да го уништат истокот на Донбас

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека сака да го уништи целиот источен регион Донбас во Украина.

Loading...

Тој рече дека ќе се направи се за одбрана на областа, почнувајќи од стратешкото пристаниште Мариупол, каде што опколените војници биле повикани да се борат „до крај“.

 

Во Луганск е започната итна евакуација на населението

 

„Руските војници се подготвуваат за офанзива на истокот на нашата земја во блиска иднина. Буквално сакаат да го завршат и уништат Донбас“, рече Зеленски во видео обраќањето.

Според него, руската армија сака да уништи и други градови и други заедници во регионот на Доњецк и Луганск, исто како што го уништува Мариупол.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рускиот суд го осуди портпаролот на Мета на шест години затвор

„Правиме се за да обезбедиме одбрана“, рече украинскиот претседател.

Loading...