Зеленски: Русија започна „голема одмазда“ поради отпорот на Украина

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека Кремљ ја започнал својата „голема одмазда“ поради отпорот на Украина на руската инвазија.

Loading...

Зеленски, откако руските сили објавија дека постигнале нови воени успеси на истокот на Украина, рече дека руските напади на истокот биле безмилосни и покрај големите руски загуби.

„Мислам дека Русија навистина сака голема одмазда… Секој ден гледаме или поголем број нивни редовни трупи или зголемен број Вагнерци“, им рече Зеленски на новинарите во Одеса, според Ројтерс.

Администраторот на самопрогласената Народна република Доњецк, Денис Пушилин, изјавил, според Ројтерс, дека руските војници успеале да го заземат Вукледар, рударски град кој украинските сили го користеле како свое упориште од почетокот на војната.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бајден го повика Претставничкиот дом итно да одобри помош за Украина и Израел

Советникот на Пушилин, Јан Гагин, рече дека борците на руската група Вагнер презеле делумна контрола на виталниот пат за снабдување што води до Бахмут.

Еден ден претходно првиот човек на Вагнер изјави дека неговите борци ја презеле контролата врз селото Блаходатне, северно од Бахмут, но Киев тврди дека нападите на тоа место и на Вухледар биле одбиени, пренесува Танјуг.

Ројтерс не можеше да ја потврди точноста на овие тврдења од независни извори, иако вели дека локациите на пријавените борби укажуваат на постепени, но очигледни руски воени придобивки.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...