Зеленски: Русија се обидува да ја развлече војната, ситуацијата е тешка

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, вечерва изјави дека Русија се обидува да ја развлече војната и дека Украина треба да ги забрза настаните и снабдувањето со оружје.

Loading...

„Денеска се одржа уште еден состанок на државниот воен врв. Главен фокус е, се разбира, ситуацијата на фронтот. Пред се, во регионот Доњецк и во јужните правци. Ситуацијата е многу тешка. Бахмутски, Вугледарски и другите правци во регионот на Доњецк се под постојани руски напади. Има постојани обиди да се пробие нашата одбрана. И покрај бројните загуби во персоналот, непријателот одржува висок интензитет на напади“, рече Зеленски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рускиот суд го осуди портпаролот на Мета на шест години затвор

Тој истакна дека е многу важно да се одржи „динамиката на одбранбената поддршка“ на украинските партнери и дека брзината на снабдување со оружје „била и ќе биде еден од клучните фактори во војната“.

„Русија се надева дека ќе ја продолжи војната, ќе ги исцрпи нашите сили. Затоа треба да го направиме времето наше оружје. Мораме да ги забрзаме настаните, да го забрзаме снабдувањето со оружје. Оваа недела имавме добри резултати со САД, Германија, Полска, Канада, Белгија, Норвешка, Италија… Мораме да ја направиме следната недела подеднакво успешна за нашата одбрана“, истакна Зеленски.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.