Зеленски не се сретна со Лула: Мислам дека Лула беше разочаран

Сподели со своите пријатели

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва денеска изјави дека не ја одржал планираната средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на самитот на Групата седум (Г7) во Јапонија бидејќи Зеленски доцнел.

Loading...

Лула рече дека во недела го чекал Зеленски да дојде на средбата и дека добил информација дека украинскиот претседател доцни.

„Очигледно тој имаше состаноци и не можеше да дојде“, рече Лула, пренесе Ројтерс.

Зеленски претходно изјави дека е најмногу разочаран поради пропуштената билатерална средба со Да Силва, а на новинарско прашање дали е разочаран што средбата не се одржала, Зеленски одговори: „Мислам дека Лула е разочаран“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колку руски војници загинале од почетокот на војната во Украина?

Набргу потоа, Зеленски се насмеа, како и присутните новинари, според Ројтерс.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.