Зеленски: Над 9.000 цивили вчера го напуштија Мариупол

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските сили ги блокираат најголемите градови во Украина за да создадат „хуманитарна катастрофа“ со цел да ги убедат Украинците да соработуваат со нив.

Loading...

Тој рече дека Русите спречуваат основните прехранбени производи да стигнат до опколените градови во централна и југоисточна Украина.

 

Како напредуваат мировните преговори меѓу Украина и Русија

 

„Тоа е целосно намерна тактика“, рече Зеленски во своето обраќање до нацијата во раните утрински часови во саботата, снимено во Киев, со претседателската канцеларија со запалени светла зад него.

Тој рече дека повеќе од 9.000 луѓе можеле да го напуштат Мариупол во изминатиот ден, а вкупно повеќе од 180.000 луѓе стигнале до безбедни дестинации преку хуманитарни коридори, пренесува АП.