Зеленски го повика светот да спречи несреќата во Запорожје

Сподели со своите пријатели

Светот ќе загуби од тероризмот и ќе подлегне на нуклеарната уцена доколку ништо не се преземе за да се спречи несреќата во нуклеарната централа Запорожје, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Loading...

„Ако светот сега не покаже сила и решителност да брани една нуклеарна централа, тоа ќе значи дека светот ја загуби битката со тероризмот и се предаде на нуклеарната уцена“, рече Зеленски за време на неговото видео обраќање, пренесе Ројтерс.

Русија ја презеде нуклеарната централа Запорожје, најголемата нуклеарна постројка во Европа, набргу откако ја нападна Украина во февруари во она што Кремљ го нарекува „специјална воена операција“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку осум загинати, 25 ранети во руски напад на Украина

Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за гранатирањето на СИ Запорожје во текот на изминатата недела.