Зеленски: Ако им се суди на украинските војници во Мариупол, нема да има преговори

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека доколку има судење на украинските војници заробени од руските сили во Мариупол, какви било преговори со Русија ќе станат невозможни.

Loading...

„Русија ќе се исклучи од преговорите во случај на судење на украинските војници во Мариупол“, рече Зеленски во видео обраќање, пренесува Интерфакс Украина.

Тој додаде дека Украина нема да толерира, како што наведе, „малтретирањето на луѓето за кои може само да се каже: тие се херои на својата татковина и ја бранеа слободата на својот народ од освојувачите“.

Интерфакс Украина наведува дека претходно било соопштено дека на 24 август е планиран трибунал во Мариупол за припадниците на украинските сили кои беа заробени откако руските сили ја зазедоа фабриката Азовстал во тој град.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина може да биде поразена до крајот на годината, предупреди ЦИА

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.