Здруженијата со апел да се санира еколошката катастрофа во Бислимска клисура

Сподели со своите пријатели

Здружението ”Гласот на селото” во своето писмо до јавност информира за еколошка катастрофа по течението на реката Пчиња, во делот на Бислисмката клисура.

Loading...

Според информациите што ги добило здружението од терен, како и од граѓани кои објавуваат загрижувачки слики/видеа преку социјалните мрежи, здружението дознава дека на 19 јули, поради исклучена електрична енергија од страна на ЕВН во пречистителна станица за отпадни води во село Доброшане во непосредна близина на Бислимската клисура, предизвикана е  голема еколошка катастрофа со помор на риби и друг жив свет во реката Пчиња и околните села.

Поморот на риби бил констатиран и при увид на лице место од страна на надлежното министерство (државен инспектор за животна средина и државен инспектор за заштита на води при Министерството за животна средина и просторно планирање, се вели во соопштението на здружението.

Здружението „Гласот на селото” бара од надлежните институции, посебно од Јавниот обвинител во Општина Куманово, да го испитаат овој случај докрај, да се изврши проценка од страна на комисија за утврдување на штети, сè со цел да се надомести истата преку порибување на реката Пчиња и чистење на загадениот локалитет.

Инаку, здружението ”Гласот на селото” е здружение кое ги промовира културата, традицијата и убавините на руралните средини во регионот. Последните години работи на промоција на потенцијалите за рурален развој во Бислимска клисура заедно со други здруженија, асоцијации, јавни институции, бизнис сектор и локална самоуправа Куманово.

По неколку реализирани проекти како што се мапирање, одбележување на пешачки патеки, поставување на клупи за одмор, поставување на видиковци и информативни табли, снимање на промотивен документарен филм, нивна должност е да ја информираат јавноста за случувањата кои се одвиваа по течението на реката Пчиња во Бислимска клисура во последните неколку дена, се вели во соопштението.