Здружението на пензионери Куманово ќе подели ваучери од 1000 денари за членови со ниска пензија

Сподели со своите пријатели

Кумановското здружение на пензионери од понеделник ќе почне со поделба на вредносни ваучери од 1.000 за членовите кои примаат најниска пензија, соопштија денеска надлежните од здружението. Предвидено е да бидат поделени 750 ваучери од 1.000 денари за членовите кои примаат пензија до  11.000 денари.

Loading...

– Ваучерите се доделуваат на членовите кои имаат ниска пензија. Средствата се дел од годишната програма на здружението  определни во годишната програма во рамки на хуманитарно-социјалниот проект, изјави претседателот на здружението на пензионери Куманово, Благе Јакимовски.

За да подигнат ваучер, пензионерите ќе треба да приложат фотокопија од лична карта и чек од  последна пензија. Многу важно е, нагласува Јакимовски кога ќе ги подигаат ваучерите, пензионерите да ги почитуваат препораките, да носат маска, да држат дистанца пред здружението.

-Нема право да се пријават пензионерите кои веќе користеле ваучер во 2019 и 2020-та година, изјави Јакимовски.

Здружението на пензионери Куманово е едно од најактивните и најбројните во државата со над 14.500 членови. Во рамки на активностите здружението нуди и еднократна парична помош за заболени членови, поддршка за бањски туризам.

Оваа активност влегува во годишната програма на здружението врз основа на планираниот финансиски план.

Leave a Reply