Здрав пијалак кој ги топи мастите на стомакот

Сподели со своите пријатели

Рамниот стомак секогаш е секси. За да постигнеме добри резултати за својата фигура, треба да спортуваме и да го приспособиме начинот на исхрана. Сепак постојат некоја храна и билки кои во соодветна комбинација помагаат за подобрување на метаболизмот и согорувањето на вишокот маснотии. Таква е комбинацијата меѓу грејпфрут и рузмарин.

Рузмаринот е одлична медитеранска билка со која обично го зачинуваме меса. Но напивката од него не само што ја заздравува косата, но и го стимулира метаболизмот и ги топи мастите.

Споделуваме еден здрав пијалак кој може да го консумирате секој ден и кој ќе ви помогне да се елиминираат вишокот масни наслаги во пределот на стомакот.

Совршениот појадок за слабеење

Loading...

Потребни состојки:

2 лажички сув рузмарин
300 милилитри врела вода
1 грејпфрут

Начин на приготвување:

Во врела вода ставете рузмарин, одвојте го од ринглата и попарете го за 30-40 минути. Откако ќе се излади добро, исцедете ја напивката и кон неа додајте исцеден сок од грејпфрут. Промешајте и испијте.

Со една чаша овошен сок до рамен стомак за кратко време

Рузмаринот има лековити, антибактериски, антиинфламаторни и антисептички дејствија. Тој е одличен извор на витамини А , B, C, D, E и K и има позитивно влијание врз целиот организам, особено врз здравјето на мозокот, црниот дроб и срцето.

Од друга страна грејпфрутот исто изобилува со витамини и по ананас е еден од најдобрите плодови кои го стимулираат согорувањето на мастите.