Зборувајќи во сон признала злосторство, а сопругот веднаш ја пријавил во полиција

Сподели со своите пријатели

„Ја сакав, но постапив правилно, иако целото семејство страдаше затоа што ме судеа заедно со неа“, изјавил Антони Форт (61) од Англија, кој во полиција ја пријавил сопругата Рут Форт (47).

Loading...

Заедно се 14 години, а се заљубиле во Ливерпул, на универзитетот каде Ентони работел како микробиолог.

Нив ги обединува, вели, заедничката љубов кон музиката. Рут работела како негувателка и се испоставило дека крадела од беспомошни постари луѓе за кои требало да се грижи.

Таа украла илјадници фунти од жена во инвалидска количка, пренесува Mirror.

Мажот станал сомнителен откако Рут почнала да троши повеќе отколку што заработувала. Почнале да патуваат, а и по патувањето Рут би потрошила илјадници фунти.

Кога ќе ја прашал од каде и се парите, таа одговарала дека и ги дале роднини. Тој не ѝ верувал, но молчел. Се до една ноќ кога Рут почнала да зборува во сон. Потоа добил и потврда.

Погледнал во нејзината чанта, а внатре била дебитната картичка на постарата жена за која се грижела Рут.

– Таа ми го скрши срцето. Кога ја видов картичката, се ми беше јасно. Ја сакав, но не можев да го преболам. Таа крадела од жената за која требаше да се грижи, морав да ја пријавам“, рекол Ентони, кој се омажил за Рут во 2010 година.

Loading...

Почнал да ги има своите први сомнежи кога Рут пред неколку години му рекла дека една од нејзините штитеници има десетици илјади фунти на нејзината сметка.

„Беше чудно како го знаеше тоа. Таа можеше да го направи тоа само ако го знаеше ПИН-от. Тоа ме загрижи“ – рече тој.

Потоа заминале на патување, а Рут потрошила многу пари.

– Ми кажа дека роднините ѝ дале над илјада фунти. Не бев сигурен дали треба да и верувам. Но, кога ја слушнав како мрмори во ноќта, се ми беше јасно. Уморен сум. И реков да ги спакува куферите и да си оди. Ја сакав, но морав да го сторам тоа – рекол тој.

Тој отишол во полиција и Рут била уапсена набргу потоа. Таа првпат се појави на суд минатата година.

 – Кога случајот излезе во јавноста, имаше проблеми во нашето село. Моето семејство навистина страдаше затоа што ме судеа заедно со неа, бевме во брак. Но, ја направив вистинската работа – додаде тој.

Рут на суд призна дека украла над 10.000 фунти. Таа доби условна казна од 16 месеци и морала да оди на рехабилитација.

„Искушението овде се претвори во алчност и треба да се срамите од своето однесување“, рече судијката Рут.

Loading...

Овој месец Рут повторно е на суд. Таа го прекршила условниот отпуст бидејќи не била на рехабилитација. Но, судијата ѝ дал последна шанса. Шест недели од 7 до 19 часот треба да биде во домашен притвор. Ако го прекрши, оди во затвор.