Завршил во болница и ја тужел сопругата поради садо-мазо акција

Сподели со своите пријатели

Богат бизнисмен од Англија мисли дека станал предмет на исмевање откако неговата девојка во спалната соба започнала секс акција по пример на филмот „50 нијанси сиво“, поради кои морал да повика брза помош.

Loading...

Свршеничката на Џејмс Аустин (57) и мајка на нивните близнаци, лекарката Елвира Блекмор, го претепала толку силно што побарал лекарска пмош откако ја пријавил за напад.

Но, минатата седмица Блекмор е ослободена по 15 минути судење и тоа откако инсистирала дека нивниот однос бил консензуален.

На судењето се слушнало како Блекмор го запознала Аустин на интернет и дека тој веќе на петиот состанот во хотел со пет ѕвездички во Париз ја побарал за жена. По неколку месеци таа се преселила во неговата лукзусна вила, а тогаш му родила и близнаци.

Инспирирани од книгата и филмот „50 нијанси сиво“, парто започнал да експериментира со садо-мазо секс, но акциајта излегла од контрола.

Купиле секс играчки, а прачката ја држале во спалната соба. Аустин признал дека обострано уживале во благите удари, но тогаш пред судот ја раскажал таа ноќ.

Заминав во кревет и скоро заспав кога таа влезе во собата и започна да дивее и да ме удира со прачката. Ме удри толку силно неколку пати по грбот. На образот имав исеченица, а таа продолжи да ме удира. Кратко потоа креветот беше крвав.

Аустин вели дека тогаш повторно го нападнала и дека толку силно го удрила што во еден момент прачката се скршила.

Блекмор рекла дека тогаш раните му ги посипала со вино, а ладен пампањ му сипала низ грбот и дека Аустин испуштал звуци како да ужива.

Loading...

Но, Аустин повикал брза помош, а лекарите рекле дека бил толку сериозно повреден што морале да го пренесат во болница.

Блекмор пак вели дека премлатувањето било со споразум.

Јас и не уживав премногу во тоа, но Џејмс сакаше да го „спенкам“. За роденден неговиот пријател му порадрил бич – вели Белкмор која цело време плачела на судот и повторувала дека не е виновна.