Заврши четвртиот Атлетски митинг „11 Октомври“ (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Над 350 атлетичари традиционално по четврти пат вчера на атлетската патека во Соколана беа дел од четвртиот по ред Атлетски митинг „11 Октомври“ во организација на Атлетски клуб Куманово, а со поддршка од Општинскиот сојуз на спортови и Атлетската федерација на Македонија.

14642296_674154616081673_8308015373874477015_n

Loading...

 

Богата програма со трки за атлетичари, различни дисциплини, школска програма за најмладите учесници, трки за рекреативци, фамилијарна штафета и сме доста задоволни од клубот што успеавме на вакво ниво да го одржиме митингот. Најголем мерак ми е што и оваа година фамилијарната штафета како наовитет опстанува и што има голем број на вклучени рекреативци и дечиња на младите трки – вели Филип Колевски, тренер на Атлетски клуб Куманово.

 

Освен учесници од Куманово, на митингот се приклучија и атлетичари од Велес, Тетово, Прилеп и Скопје, а манифестацијата ја збогатија и ученици од кумановските средни и основни училишта.

Во договор со атлетскиот клуб и федерацијата која ја поддржа идејата и иницијативата на Сојуз на спортовите и на Општина Куманово да на 11 ноември тие денови, Денови на Куманово отпочнеме со организација на улични трки, односно мини маратони кои ќе продолжат и ќе настапат во традиција, еве правиме напори да во тек на месец ноември ја организираме оваа трка која на некој начин го враќа атлетскиот спорт во Куманово после две децении на голема врата – изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Општина Куманово.

Атлетскиот митинг се одржува по повод Денот на востанието „11 Октомври“, а најдобрите атлетичари дома заминаа со пофалници, пехари и медали за своите постигнати резултати.

14595719_674154642748337_3456179078234481251_n