Заврши 24. издание на фестивалот „Денови на комедија“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во Националната установа „Центар за култура“ Трајко Прокопиев во Куманово вчеравечер заврши 24то издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“.

Loading...

Честа да го затвори фестивалот му припадна на босанскиот актер и режисер Зијах Соколовиќ кој играше монодрама пред кумановската публика.

 

 

Организаторите на фестивалот, НУЦК „Трајко Прокопиев“ се задоволни од годинешното издание, со оглед дека се одржа повторно во услови на пандемија.

– Ние како организатори на овој фестивал сме навистина задоволни што во овие услови на пандемија, успеавме да го реализираме фестивалот и навистина да задржиме едно високо ниво и квалитет на претставите. Се надевам дека и публиката е задоволна, интересот беше огромен за билетите, капацитетот на салата беше тој, исполнетост 30 проценти од вкупниот капацитет, така да кога ќе погледнеме во глобала во какви услови го организираме фестивалот сум задоволен, јас заедно со вработените дека организиравме еден одличен фестивал за град Куманово и оваа година, изјави Сашо Тодоровски, директор на НУЦК „Трајко Прокопиев“.

 

Loading...

 

Во неколку наврати гости на фестивалот беа и високи претставници на Министерството за култура, а првата фестивалска вечер ја отвори токму и министерката Ирена Стефоска. Како што рече Тодоровски, нивните реакции се позитивни.

– Нивните реакции навистина се позитивни изненадени се од тоа што го видоа на овој фестивал, од ораганизацијата, од начинот на подготовката на овој фестивал и се надеваме и очекуваме, односно ќе инсистираме идната година овој фестивал да добие поголема финансиска поддршка пред се од Министерството за култура и од локалната самоуправа се со цел квалитетот на фестивалот за јубилеј кој ќе го славиме идната година од 25 години, да биде на едно повисоко ниво во секој поглед како што доликува на овој фестивал, рече директорот Тодоровски.

 

 

Инаку публиката можеше да проследи вкупно девет претстави од Македонија и земјите од регионот. Поразично оваа година беше што фестивалот не го заврши кумановскиот театар, кој претставата „Какао“, која беше првично предвидена да се одигра последна, ќе ја одиграат дополнително, откако дел од актерската екипа излезе позитивна на ковид-19.

Loading...

 

 

Најголем интерес и годинава беше за претставите на театрите од Србија.

Никола Ивановски