Заврши 13. издание на „Рома труба фест“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Заврши 13. издание на манифестацијата „Рома труба фест“ која вчеравечер се одржа на градскиот плоштад во Куманово.

Шест дувачки оркестри и гости настапија на синоќешното издание на фестивалот на трубата, која традиционално се одржува во организација на Ансамбл на народни ромски игри и песни „Рушит Шакир“, а под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово и Министерството за култура на Република Македонија.

– Задоволен сум од самата организација и самите учесници, за жал морам да кажам дека  толку добри учесници ги користиме само за еден ден. Очекувам и се надевам дека наредната година овој фестивал ќе се случува два до три дена, затоа што и самата публика тоа го бара. Градоначалникот кажа дека наредната година 500 години ќе даде поголем придонес и ќе се ангажираме самата манифестација да биде позначајна, изјави Самет Салиевски, претседател на „Рушит Шакир“.

 

Loading...

 

Со дувачките оркестри настапија и Тони Димитриоски, Стојне Николова и Ристе Ристески, како и оркестрите „Кеми Асанов“, „Кристијан Трајковиќ“, „Исидор Зечировиќ“, „Владимир Ивановиќ“, „Елвис – Дејвид Бајрамовиќ“ и „Мартин Салијевиќ“.

– Потребни се вакви манифестации, како што е „Рома труба фест“ во Куманово, недостасуваат и во другите градови, да има фестивали за труба, оркестри, изјави Ферус Мустафов, уметнички директор на фестивалот.

Фестивалот  на лимено-дувачки инструменти имаше ревијален карактер, откако претходно низ градот продефилираа сите учесници.

Leave a Reply